Почетна / Сапуници / Модерната драма „Писмо за збогум“ во 19:45 часот на Канал 5

Модерната драма „Писмо за збогум“ во 19:45 часот на Канал 5

Нова турска серија на програмата на Канал 5 телевизија. Од понеделник до петок по “Крваво цвеќе”, во 19.45 часот ќе се емитува новата серија “Писмо за збогум” со репризно издание ноќта пред полноќ и наредниот ден во 13 часот. Во продолжение ве запознаваме со содржината :

Асли е весела млада девојка која оди во средно училиште, но за разлика од нејзината постара сестра Бесте, таа не дозволува да биде контролирана од нивната мајка. Таа е бунтовна и сака сама да носи одлуки па затоа и наликува на нејзината мајка Аланур.

Аланур е многу доминантна и модерна, жена со челично срце, порасната во богато семејство, а сега работи како менаџер на уметничко студио. Таа сака да им обезбеди среќен живот на своите ќерки за тие да станат силни и независни. Но, понекогаш, презема и некои драстични акции.

Животот на Аланур се променил откако нејзиниот сакан ја напуштил, оставајќи ѝ проштално писмо. Од тој момент, станува ладна, разочарана и согласна на бракот што го испланирал нејзиниот татко и да живее во брак без љубов и страст.

Но, сега, години подоцна, Аланур повторно го среќава Зија, нејзината прва и голема љубов. Од чиста случајност, нејзината ќерка Асли се вљубува во Мехмет, синот на Зија. Зија е сега во брак со Сехер и има три деца, Мехмет, Селџук и Мине.

И покрај тоа што никогаш не ја заборавил Аланур, Зија дава сè од себе за да биде добар татко и добар сопруг. Но, неговата сопруга Сехер никогаш не успеала да го освои неговото срце, па затоа во тој брак, таа секогаш се борела со сенката на друга жена.

И сега, работите ќе се заплеткатаат меѓу двете семејства. Аланур не ја одобрува врската помеѓу нејзината ќерка и синот на Зија со цел да ја заштити.

Сè што е оставено недовршено пред години, овојпат станува пречка за љубовта на Асли и Мехмет.

Двајцата млади ќе мора да се борат против сите за да ја остварат својата забранета љубов, а Сехер ќе даде сè од себе за да ја унесреќи идната снаа.

Но, прошталното писмо од пред многу години е клучот да се стави крај на тајните, сомнежите и минатото.

Токму тоа проштално писмо ќе ги промени работите и ќе ги излечи ранетите срца кои по грешка, го вкусиле забранетото јаболко.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, но …

error: Содржината е заштитена!