Почетна / Телевизија / Вечерва стартува Survivor

Вечерва стартува Survivor

 

 

Подгответе се за долга и авантуристичка вечер…

 

 

Вечерва на Телевизија Сител се ќе биде во знакот на преживувањето. Имено, шоуто кое ветува многу предизвика мала промена во прајм-тајм периодот на оваа телевизија. Стартот на првата епизода од новата сезона на VIP Survivor е најавен за во 19.45 часот, но 15 минути пред тоа ќе имаме можност да ја погледнеме и специјалната емисија што екипата на Сител ја подготви за своите гледачи. По првата епизода од возбудливото реално шоу следува нова епизода од “Љубов и казна”, а веднаш потоа продолжува и одмаздата во “Езел”, како што е редот. Но тоа не е се, веднаш по вториот Дневник ќе се емитува Survivor – без цензура, само Бог знае што се ќе видиме таму…

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …