Почетна / Серии / Детективската серија „The Glades“ секој ден на Fox Crime во 19.15 часот

Детективската серија „The Glades“ секој ден на Fox Crime во 19.15 часот

Оригиналната драма, продуцирана од телевизиската мрежа A&E, во која играат Мет Пасмор, Кил Санчез, Карлос Гомез и Мишел Херд секој работен ден на Фокс Крајм во 19.15 часот. Следете го “Детективот од Флорида” на Fox Crime.

Во серијата го следиме Џим, атрактивен и исклучителен детектив од одделот за убиства во Чикаго. Кога неговиот шеф неправедно го обвинува дека спиел со сопругата и пука во него, Џиме прогонет и принуден да се пресели.

Така завршува во Палм Глејд на Флорида, каде има многу сонце и голф, а злосторството се чини дека е минимално. Меѓутоа, Џим Лонгворт дознава дека овој град не е толку идиличен како што изгледа на почетокот, затоа што постепено започнуваат да се случуваат мистериозни убиства.

Интелигентниот детектив се враќа на терен, започнувајќи да ги истражува злосторствата и да ги бара убијците.

На премиерата на серијатаа, ќерката на познат кубански мафијаш е пронајдена мртва на улицата Мала Хавана, а Лонгворт и остатокот од полицијата во Флорида мора да го решат нејзиното убиство за да се спречи тотална војна меѓу две ривалски мафијашки семејства.

Следуваат низа интересни случаи, кои детективот од Флорида ќе мора да ги разреши.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на Нејви доаѓа во правната драма „Бул“ на Фокс Крајм

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое …

error: Содржината е заштитена!