Почетна / Забава / Техно диџејот Ben Klock овој петок настапува на СРЦ Кале

Техно диџејот Ben Klock овој петок настапува на СРЦ Кале

 

Еден од најбараните техно диџеи и продуценти на денешницата, Ben Klock на 20-ти октомври, петок ќе настапува на СРЦ Кале, Скопје. Заедно со него ќе пуштаат музика  DJ Flooder, Maci Stojanovic и Dusko Janevski.

Дефинитивно Klock е името кое речиси една декада е на врвот од листата на најдобри диџеи во светот, што секоја година се објавува од страна на Resident Advisor – најреномираниот интернет магазин на денешницата.

Неговиот пат кон светската слава и успех започнува во 2005-та година, кога ја добива својата резиденција во култниот клуб Berghain. Долгогодишната соработка со оваа техно институција има дополнителна улога во неговата кариера.

#WinMusicFreedom #StayYou Non Aesthetics.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …