Почетна / Телевизија / Репризи без прекин на Алфа – „Приказни од животот“ во 16.45 часот

Репризи без прекин на Алфа – „Приказни од животот“ во 16.45 часот

 

  Алфа продолжува со репризи. Следна на ред, по којзнае кој пат – македонската “Приказни од животот”

 

“Истражувањата покажаа дека публиката најмногу сака да ја гледа реалноста на тв екраните. Во самата природата е на човекот да сака да  „ѕирне“ во туѓите животи и да ги спореди со својот. Надевајќи се дека на тој начин ќе научи повеќе за животот и како да се справи со ударите кои ги носи. Тоа се приказни од животот, кои можат секому да му се случат, не постојат исклучоци, животот е суров. Затоа сме сигурни дека вниманието на гледачите ќе биде на високо ниво, бидејќи ништо не е попривлечно од суровата реалност.” – изјави Алфа пред да започне со емитување на серијата во 2014 година.

 
 
 
Сценаријата за “Приказни од животот” се изработени врз основа на вистински приказни, кои заради драматуршката целина на моменти се драматизирани. Секоја епизода е приказна сама за себе, така што темите кои се обработуваат се навистина разнобразни, од прељуба, киднапирање, забранета љубов, измама, криминал. Сценаристи на серијата се Ева Камчевска и Елена Стојаноска, режисер е Никола Кинчаров, асистент на режија Есин Зекири, продуцент Миле Крстевски. Дел од актерката екипа се нови и недокажани глумци, а дел се и добропознати за македонската јавност.

 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …