Почетна / МК Сцена / Видео | Каролина со емотивна изведба на најтажната балада од Тоше

Видео | Каролина со емотивна изведба на најтажната балада од Тоше

По повод 35-тиот роденден на НЛБ Банка, беше одржан концерт без публика на најголемите македонски ѕвезди.

Каролина, Влатко Стефановски, Ареа, Тамара и Нокаут со своите големи хитови се претставија пред македонскиот аудиториум во топлата атмосфера на Македонска опера и балет.

„Сплотени преку музиката, прославуваме заедно!“ – беше слоганот на акустичниот концерт кој во целост се емитуваше и на телевизија, а може да се погледне и на Youtube во целост.

Македонската принцеза Каролина покрај своите песни, со неверојатна женска, сензибилна и уникатна изведба ја пренесе и една од најпопуларните песни од нејзиниот колега и пријател, маестро Тоше Проески. Поглендете како изгледаше и звучеше интерпретацијата на “Твоите бакнежи на моите бели кошули”:

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Велигден е најубо во Битола со Каролина во Хотел Епинал

Препуштете се на едно вистинско музичко уживање заедно со Битолското чупе ексклузивно во Хотел Епинал. …

error: Содржината е заштитена!