Почетна / Сапуници / Паралелно со Турција, и Канал 5 ќе ги емитува новите епизоди од „Јаболкото“
Хитовската драма "Забрането јаболко" со ексклузивни и премиерни епизоди во Македонија

Паралелно со Турција, и Канал 5 ќе ги емитува новите епизоди од „Јаболкото“

Гледачите во Македонија ќе бидат привилегирани да ги следат најновите случувања од босфорската раскошна драма “Забрането јаболко”.

По гледачите во Турција, македонските гледачи ќе имаат единствена шанса први и единствени во светот да дознаат што следно ги очекува во скандалозните и авангардни животи на Јилдиз, Ендер и Шахика.

Од таа причина, Канал 5 телевизија им излезе во пресрет на бројните фанови на Јаболкото и токму од таа причина ќе ги емитува најновите продолженија паралелно со епизодите кои ќе се емитуваат во матичната земја.

Понеделник, вторник и среда во 21. 15 часот дознавате како Шахика ќе успее уште еднаш да доминира над новите богаташи, но и ќе се засладите со романтичните моменти на Јилдиз и Чагатај.

Ќе помине ли смртта на Халит неказнето или секое прикриено злосторство остава по некоја трага?

Трагите излегуваат на виделина ексклузивно на Канал 5 во вашето најомилено “Забрането јаболко” – серија која ги помести границите за забава, серија која го надмина лимитот на возбуда, гламур и шокантни изненадувања.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска серија „Игра на судбината“ во 21 часот на Алфа

Oд сега српската серија “Вистини и лаги” ќе се емитува на Алфа од понеделник до …

error: Содржината е заштитена!