Почетна / Телевизија / Претставата „Чернодрински се враќа дома“ во недела на Наша

Претставата „Чернодрински се враќа дома“ во недела на Наша

Недела на Наша, време за театар. 25 ноември во 21.30 часот ќе биде прикажана театарската претстава на Велешкиот театар – “Чернодрински се враќа дома”. Правена е по текст на Горан Стефановски, а во режија на Мартин Кочовски. Покрај ансамблот на Велешкиот театар, во претставата гостуваат и млади актери. Сценографијата е на Филип Јовановски, костимите ги изработи Маја Кикириткова, а користена е музика од групата „Фолтин”.

Според Јордан Витанов, директор на театарот во Велес, ова е еден од 20 најдобри македонски текстови, затоа што на еден многу специфичен начин говори за основоположникот на македонскиот театар Војдан Чернодрински.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летната програмска шема на босанската ОБН со премиерни серии и емисии

За време на летните месеци, на ниедна телевизија во цел регион не застанува времето, односно …

error: Содржината е заштитена!