Почетна / Филм / Канадска комедија и мексикански трилер овој викенд на Сител

Канадска комедија и мексикански трилер овој викенд на Сител

Секој викенд во 23.30 часот, филм на Сител телевизија. Сабота (24 ноември) ќе биде емитувана канадската комедија “Квебек Монтреал” којa ги прати животите на деветмина луѓе во своите триесетти. Сите тие се соочуваат со проблемите за љубовта, пријателството и животот, и сите тие се среќаваат на различни патишта од Квебек кон Монтреал.

Филмот беше номинитан за четири награди на 23-тите Genie Awards во 2003 година и тоа за најдобро сценарио, најдобра режија, најдобар филм инајдобра адаптација, а сепак има освоено награди за најдобра споредна актерка, филм, режисер и сценарио на Jutra Awards.

Во недела, пак на 25 ноември, по вечерните вести на Сител ќе ја следите мексиканската трилер драма од 2000. година – “Кучешки љубови”. Ужасна сообраќајна несреќа поврзува три приказни, од кои секоја вклучува ликови кои се занимаваат со загуба, жалење и сурова реалност на животот, сите во име на љубовта.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Празнично балканско кино на Телма со Арнериќ и Живојиновиќ

Празнично на Телма телевизија балканско кино во 19.15 часот. Овој вторник (23 октомври) ќе се …