Почетна / Серии / По Телма, и Нова С започнува со емитување на „Animal kingdom“
Од понеделник до петок, по полноќ

По Телма, и Нова С започнува со емитување на „Animal kingdom“

Американската драмска серија “Животинско кралство” по емитувањето на Телма, започнува со прикажување и на кабловската Нова С со титл на македонски јазик. Од вторник (28 јануари) стартува “Animal kingdom” од првата епизода, а репризите се во 11 часот наредниот ден.

Оваа крими драма го прати 17 годишниот Џошуа кој поради предозирање и смрт на неговата мајка, мора да се пресели во домот на неговата баба и вујковци. Но, бегајќи од една лоша околина тој доаѓа во нова каде исто така не цутаат рози затоа што семејството Коди се занимава со разни криминални дејствија. Глава на ова тн. животинско кралство е Џавин, која покрај сега починатата ќерка, има четворица сина, од кои еден посвоен, а тројца од различни татковци.

Баз е посвоениот и водич на кражбите, Поуп е најстариот син, кој бил во затвор, има ментално растројство и е опсесивно вљубен во девојката на Баз. Крег е средниот од синовите, кој е зависник од дрога и е склон на многу ризици, а најмалиот Дерен е геј и отвара сомнителен бар.

Покрај овие ликови, во приказната се вклучуваат уште неколку главни и споредни кои на ваков или онаков начин се врзуваат за криминалот на фамилијата Коди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува соработката меѓу ТВ Телма и италијанската РАИ

Телевизија Телма и италијанската национална телевизија РАИ и годинава го обновија договорот за соработка, кој …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!