Почетна / Филм / Трилерот „Carjacked“ и уште една авантура со Џеки Чен, вечерва на Сител

Трилерот „Carjacked“ и уште една авантура со Џеки Чен, вечерва на Сител

 

Во 21 часот ќе останете без здив со “Киднапирани во автомобил”, но во 23.30 ќе се расположите со авантурата “Законот на мафијата”

 

 

Било која вечер, вашиот живот може да се промени. Па така и таа вечер, нејзиот поглед се соочи со очите на еден озогласен криминалец. Лореин е самохрана мајка на седумгодишниот Чед, која една вечер ќе застане на бензиска како би купила пици за неа и синчето. Но, по враќањето во колата, веќе ништо нема да биде исто.

 

 

Во автомобилот е крадецот и психопат Рој, кој со закана и пиштол, ги киднапира мајката и детето. За Лореин и синот следува трауматично патување во Мексико, во кое таа ќе мора да се соочи со сите притисоци од киднаперот и да најде начин да се спаси себеси, и синот. Стивен Дорф и Мариа Бело ќе ве дружат во напнатиот трилер “Киднапирани во автомобил”, оваа неделна вечер на Сител, веднаш по новата епизода од турската комедија “Добриот домаќин”.

 

 

Терминот по ноќните вести е резервиран за акција со Џеки Чек и “Miracles: The Canton Godfather”. Во оваа нова акција, ќе погледнете како една купена роза ќе му донесе среќа на Џеки Чен и ќе му овозможи да стане шеф на уличната банда чиј закон ќе мора секој да го почитува.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Во сабота (22 февруари) во пладневниот термин, Сител ќе го емитува италијанскиот вестерн класик “Денес …

error: Содржината е заштитена!