Почетна / Живот / Мултимедијален проект на Емил Солески – „Керамикум во мермер“

Мултимедијален проект на Емил Солески – „Керамикум во мермер“

Нашиот реномиран уметник Емил Солески овој викенд пред македонската јавност ќе се претстави со својот уникатен mултимедијален проект „КЕРАМИКУМ ВО МЕРМЕР”.

Неолитски локалите-Залив на коските, Охрид

Презентација: 24.09.2022 од 11:00 до 13:00

-11:00 до 12:00

Вовед и проекција на филм „ЖЕЛБЕНИЦИ”

-12:00 до 13:00

Изложба – Неолитско село од желбеници

Во Сабота на 24.09 2022 во 11:00 чсаот, во просторот на Неолитскиот локалитет Заливот на коските, Охрид ќе се одржи презентација на проектот Керамикум во мермер од Емил Солески.

Овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата-ЖЕЛБЕНИК како трансцедентен објект на субјективното доживување.

“ЖЕЛБЕНИЦИТЕ се создавани во едно време, невреме….кога почнав да фантазирам за едно време, а можеби и невреме, можеби, велам оти е изгубена од хоризонтот, но никако изгубена од видокругот на археолозите.

Керамикум…Неолит…Младо камено време, време на куќата како место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на едно семејство и претставува центар во кој се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи”. – Емил Солески

Роден 1969 г. во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

Првата самостојна изложба со наслов „Ритам” – 2002 г. ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република”.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на …

error: Содржината е заштитена!