Почетна / Серии / Најпознатата бугарска серија „Украден живот“ започнува на ТВ Алфа
Од понеделник до петок на Алфа во 20.20 часот - "УКРАДЕН ЖИВОТ"

Најпознатата бугарска серија „Украден живот“ започнува на ТВ Алфа

Од понеделник до петок во 20.20 часот, на Алфа ќе се емитува најдолгата и најпопуларна бугарска серија. “Украден живот” е медицинска драма која веќе девет сезони успешно се емитува кај соседите.

Приказната започнува во 1982 година, кога се породува Евгенија Генадиева. Таа раѓа машко дете, син наследник на гинекологот Генадиев. Но, бебето се раѓа со срцева маана, болест која во тие години најчесто завршувала фатално во многу случаи. Во тој момент, доктор Генадиев се соочува со најголемата морална дилема – да го замени своето бебе со здравото бебе, родено во ист момент во болницата, а чија што мајка умрела на породувањето.

Докторот решава да ги замени децата и на тој начин ги погазува сите докторски заклетви, добивајќи здрав син, а откажувајќи се од болниот. По 30 години, судбините на ликовите се испреплетуваат во неверојатни животни пресврти, а вистината е на чекор да излезе на виделина.

Серијата ги следи драматичните пресврти во животите на главните ликови – докторите, како приватно, така и професионално. Нивната секојдневна борба е да се спасат што поголем број на човечки животи во една динамична и хумана средина на градската болница “Свети Кирил”.

Во секојдневната битка меѓу животот и смртта, докторите на клиниката ја ставаат пожртвуваноста пред сето останато, а покрај неизвесноста во медицинските случаи, тие соочуваат и со лични борби за љубов и среќа, против лицемерието кое владее околу нив, предавството и злобата. Одлуките за превземениот ризик ќе донесат успех во нивните животи… но и неуспех кој не може да се предвиди.

Од понеделник до петок – “Украден живот”, веднаш по централните вести. Репризата е следниот ден во 15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Римејкот на популарната „Династија“ секој понеделник на Fox Life

“Династија” е американска прајмтајм сапуница која е римејк на истоимената популарна серија од осумдесетите. Досега …

error: Содржината е заштитена!