Почетна / Серии / Следува света војна во новата серија „Новиот папа“ на МРТ 1

Следува света војна во новата серија „Новиот папа“ на МРТ 1

„Новиот папа“ е драмска телевизиска серија создадена и режирана од Паоло Сорентино која е прва во низата серии во новата сезона на МРТ 1. Продолжение е на серијата од 2016 година „Младиот папа“, првично најавена како нејзина втора сезона. Во серијата од девет епизоди глуми Џaд Ло, повторувајќи ја неговата улога како папата Пиј XIII и Џон Малкович како папата Јован Павле III, титуларниот нов папа.

Серијата претставува провокативна приказна за поглаварот на Римокатоличката црква.

Под папството на сер Џон Бранокс под името Јован Павле III, Ватикан се обидува да го исчисти своето добро име по серијата сексуални скандали кои ја загрозија самата институција.

Но, неочекувана неволја му се заканува на Јован Павле III кога Лени Белардо, претходниот папа Пиj XIII, кој беше во кома од пред девет месеци, доживеа срцев удар додека славеше миса.

Додека Папата Пиј XIII виси меѓу животот и смртта во кома, шармантниот и софистициран умерен англиски аристократ Сер Џон Бранокс е поставен на папскиот престол и го усвојува името Јован Павле III.

Двајца папи. Само еден Ватикан. Следува света војна во новата серија на МРТ, од петок, 23 септември во 21.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!