Почетна / Серии / Серија за познатата италијанска лоза „Медичи“ на ТВ 24

Серија за познатата италијанска лоза „Медичи“ на ТВ 24

По “Тудорите” и “Борџиите”, доаѓа и серијата за фамилијата “Медичи”

Од 1 јануари, денот кога сите ќе одмараме од лудата новогодишна ноќ, телевизија 24 започнува со емитување на историската политичко семејна драма “Medici: Masters of Florenc”. Од вторник до петок во 20.45 часот ќе ja следите приказната за познатата италијанска династија Медичи, во екранизирана серија, чија актерска екипа е предводена од оскаровецот Дастин Хофман и Ричард Маден (Game of thrones).

Сторијата започнува со смртта на Џовани Медичи, главата на богатата банкарска фамилија од Фиренца. Неговите синови Козимо и Лоренцо ќе се најдат во срцето на случувањата, затоа што ја знаат големата тајна дека дон Џовани е убиен.

На чело на семејството ќе застане Козимо поради неговата уметничка душа и визија за градот, но тогаш започнуваат сплетките за превласт на династијата и градот од страна на нивните непријатели. Прв во редот е Риналдо, човек кој е на чело на благородничката фракција која е против идејата на Медичи за подем на средната класа во Фиренца. Покрај големите опасности кои се закануваат над нивните животи и опстанокот на семејството, браќата Козимо и Лоренцо ќе мораат да се соочат меѓусебно, да се изборат со различните темпераменти и да ги ускладат сопствените разлики. Брни ќе бидат и нивните приватни животи, а посебно оној на Козимо кој е во договорен политички брак со Контесина де Барди.

Ќе успее ли фамилијата Медичи да ја пренесе визијата за Фиренца и да ја донесе ерата, денес наречена ренесанса? Какви пороци, какви завери и какви интриги се на патот на Медичи до нивната цел? Следете ја “Медичи” од 1 јануари на ТВ 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алфа ќе емитува уште една српска серија, емитувана веќе на Сител

“Ја бранев младата Босна” сега станува “Адвокатот на атентаторот” Од 2 март (сабота) во 20 …