Почетна / МК Сцена / Лешочки Фолк фест 2021 во пресрет на Голема Богородица

Лешочки Фолк фест 2021 во пресрет на Голема Богородица

Во петок на 27.08.2021 г. во 20ч. во пресрет на големиот православен празник Голема Богородица, како и секоја година на сцената во Лешочкиот манастир, ќе се одржи Лешочкиот Фолк Фест со познати уметници од македонската музичка сцена и нови музички рефрени. Единствената автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.


Фестивалот ќе го снима медиумскиот покровител ИНТВ Сателитска ТВ (ИН Продукција) и одложно ќе се емитува на сите локални и регионални телевизии и на Националната Тв Сонце. Фестивалот ќе можат да го проследат и гледачите, и обожувачите на македонската песна во Америка, Австралија, Канада и Европа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Таско и Лина со „100 позива“, новиот летен хит

Нашите познати артисти Таско и ултра талентираната и харизматична Лина Пејовска претходното лето буквално го …

error: Содржината е заштитена!