Почетна / Живот / На 28-ми се отвора Саемот за градежништво и саем за недвижнини

На 28-ми се отвора Саемот за градежништво и саем за недвижнини

 

Наредната недела, од 28ми февруари до 04ти март, ќе се одржат 14от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7от RealExpo – Меѓународен саем на недвижности – саеми кои се од клучна значајност за промоција на најголемите стопански гранки во Република Македонија.

 

 На Саемот на градежништво ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година достигна голема бројка на компании кои ќе бидат распоредени во три саемски хали. Целта на Саемот на градежништво е да го задржи и промовира растот на оваа стопанска гранка и да им понуди на посетителите директен пристап до најдобрите компании кои функционираат во овој сектор. Воедно, саемот се очекува да привлече и голем број на експерти кои ќе ја имаат можноста да се запознаат со новите трендови во градежништвото.

На Саемот за недвижнини – RealExpo ќе учествуваат голем број на компании кои ќе ги изложат своите понуди за станбени објекти. На овој саем посетителите ќе ја имаат можноста да разгледаат голем опус на станови како една од најважните животни одлуки.

 

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

Промоцијата на енергетската ефикасност на Саемот на градежништво е поддржано од Швајцарската Амбасада во Република Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability). Се работи за програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.

 

 

Свеченото отворање на двете саемски манифестации е на 28.02.2017 во 11.00 часот во Метрополис Арена.

Цената на влезницата за посетители изнесува 80 денари, а за групна посета е 40 денари.

 

Работното време е од 10 до 19 часот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најново : Тројца нови заразени од Корона вирусот во Македонија!

– Денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти. Утрово се …

error: Содржината е заштитена!