Почетна / Живот / Скопјани традиционално ќе даруваат крв за Голема Богородица

Скопјани традиционално ќе даруваат крв за Голема Богородица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2021 година, традиционално, по 19-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.


Со оглед на ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, за време на крводарителската акција ќе се спроведат сите мерки за заштита, односно носење заштитни маски и одржување дистанца. Направен е посебен протокол со кој ќе се запазат мерките. Поради тоа, задолжително секој крводарител мора да има заштитна маска.
Оваа акција веќе 18 години ги покажува резултатите на големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска по 18 реализирани акции се зборува за вкупна бројка од 4041 единици крв, или во просек 225 крводарители по акција..
Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24. Моден Викенд Скопје води на пат кон кружна иднина

Дваесет и четвртата сезона на најголемото модно случување во земјата, овојпат e во знакот на …

error: Содржината е заштитена!