Почетна / Телевизија / ААВМУ со осуда за попречувањето Алфа да снима на Мечкин Камен

ААВМУ со осуда за попречувањето Алфа да снима на Мечкин Камен

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2ри август на Мечкин Камен во Крушево.

Агенцијата потсетува дека е особено важно на сите медиуми без исклучок да им се обезбедат еднакви услови и пристап за известување на настани кои се од јавен интерес, а медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на работните задачи, особено кога се работи за информирање на јавноста за важни општествени случувања.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма вработува новинар-уредник за веб сајт и контент креатор

ТВ Телма вработува новинари на работна позиција новинар-уредник на веб страната www.telma.com.mk. и content creator …

error: Содржината е заштитена!