Почетна / Серии / Телма ќе ја репризира и „Чапо“, серијата за познатиот нарко бос

Телма ќе ја репризира и „Чапо“, серијата за познатиот нарко бос

Телевизиска серија за еден од најпознатите мексикански нарко-босови,  Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој моментно издржува доживотна казна во затворот во Колорадо.

Оваа возбудлива драма ја истражува животната приказна на еден од најозлогласените криминалци во светот. Гледачите ќе имаат увид во три периоди: кога бил само еден од членовите на картелот Гвадалахара, неговиот раст во текот на 90-тите години, како и неговиот пад.

Серијата верно го прикажува неговото славно бегство од затвор, како и неговото апсење, за што известија речиси сите светски медиуми.

“Чапо” беше премиерно емитувана на Телма, а за крајот на летото, сега и репризно на Телма, од понеделник до петок во 00.30 часот.

Потсетување на оваа крими приказна за уште еден од наркосите испреплетена со слепа амбиција, желба за моќ, корупција и сурови игри за превласт. Серијата од Нетфликс – “Ел Чапо” репризно на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

error: Содржината е заштитена!