Почетна / Забава / Jax Jones & Alex Adair заедно со Martin Garrix на Skopje Calling 2017!

Jax Jones & Alex Adair заедно со Martin Garrix на Skopje Calling 2017!

 

Познати се сите детали околу останатите диџеи коишто ќе настапат заедно со MARTIN GARRIX на најголемиот музички настан ова лето во Скопје.

 

 

Шоуто ќе го отвори ALEX ADAIR, млад диџеј од Британија во подем, чии ремикси за брзо време станаа вистински хитови и се вртени по сите светски радиостаници, а пред MARTIN GARRIX ќе настапи во моментов актуелниот диџеј ЈAX ЈONES кој во последниве неколку месеци е многу експониран со песната „You Don`t Know Me“ и кој ќе настапи со 90 минутен сет.

 

 

Инаку, досегашната продажба на влезнииците за претстојниот фестивал SKOPJE CALLING 2017 покажува дека на овој настан ќе присуствуваат минимум 20.000 посетители од целиот регион, а влезниците по цени од 1.000 денари (ПАРТЕР), 1.500 денари (ФАН ПИТ), 1.500 денари (ВИП) и 2.000 денари (УЛТРА ВИП), можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, системот Евентим за регионот и онлајн.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стинг пристигна во Скопје, вечерва спектакл каков што не се случил!

Градски стадион е комплетно подготвен за вечерашниот спектакл. Стинг веќе пристигна во Скопје и неговата …