Почетна / Сапуници / Фото | „Бруско“ на Сител нè запознава со згодниот Ахил од Кипар

Фото | „Бруско“ на Сител нè запознава со згодниот Ахил од Кипар

Ахил Матеу – најмладиот син во фамилијата Матеу од Кипар. Студирал економија во Лондон, а неговите погледи кон животот и светот се широки, затоа што тој е бескомпромисен, добродушен и боем во душата, за кого не постојат табуа и предрасуди.

На нивите од лозјето на фамилијата работат многу работници, но младиот Ахил со ведрина и оптимизам се однесува кон сите нив, почитувајќи го и најсиромашниот.

Неговите браќа се Матео и Нектарие. Сенките од минатото ја уништиле љубовта на Матео кон Анастасија, а пак денес другиот брат, Нектарие е женет со Димитра, со која има и мала ќеркичка.

И згодниот Ахил е на прагот да застане на лудиот камен. Но, ден пред неговата свадба со Евридики на Кипар, тој доживува страстна и незаборавна ноќ со една непозната девојка во Атина. Непознатата девојка се вика Мелина за која понатаму се испоставува дека е мажена со новиот партнер во винарскиот бизнис на фамилијата Матео.

Ќе успее ли Ахил да се избори за љубовта кон Мелина и покрај тоа што сега и двајцата се во брак? Неговата поддршка ќе биде неговата баба, а силата ќе ја црпи од љубовта кон Мелина, девојката од која морето го раздели, но опојниот мирис на виното го спои.

Од понеделник до петок попладне на Сител, гледајте го актерот Андреас Георгиу во улогата на Ахил во интересната грчка сапуница “Бруско”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!