Почетна / Филм / Анистон, Том Круз и Шварценегер во филмската седмица на Телма

Анистон, Том Круз и Шварценегер во филмската седмица на Телма

сабота (14 март), 19.15 часот – “Dumplin’” (2018)

Вилудин Диксон е полничка тинејџерка и ќерка на поранешна мисица. Прекарот ѝ е „Кнедличка“, кој ѝ го дала мајка ѝ, која е единствената што ја вика така.

Еден ден Вил се охрабрува и тргнува во неверојатна авантура на потпетици, за да му покаже на светот дека килограмите се само бројка…Мјузикл драма со Џенифер Анистон во главната улога.

сабота (14 март),23.30 часот – “The grandmaster” (2013)

63. Берлинале се отвори со филм, посветен на легендарниот мајстор на кунг-фу Ипа Ман, кој му бил ментор на Брус Ли. Филмот го режираше големиот кинески филмски мајстор, Вонг Кар Ваи, кој буквално го измени ликот на современиот филм.

Овој поет и психолог на филмот и од ова дело прави нешто сосема поинакво, визуелно совршено, но и една епска, историска кинеска драма, која работите овој пат ги прикажува од еден поинаков, оригинален агол. Во „Големиот мајстор“ играат познатите кинески актери: Тони Леунг и Зији Занг.

недела (15 март) – “Rumor has it…” (2005)

Секое семејство има своја приказна, свои тајни и озборувања. Кога сѐ е ставено во книга и филм, останува уште да се дознае вистината. Филм за Сара, која во родното место, со својата баба ќе започне да трага по некои работи од минатото.

недела (15 март) – “Still Alice” (2014)

Алис е среќно омажена жена, со три возрасни деца. Таа е позната професорка по лингвистика, која наеднаш започнува да заборава некои зборови, поради тоа што се наоѓа во почетниот стадиум на Алцхајмеровата болест.

Така, таа мора да се бори за својот живот и истовремено да ги координира бракот, работата и децата. Болеста почнува да влијае на целото семејство, на нивните одлуки, но и на созревањето и сериозноста. Трогателната драма со Џулиен Мур и Алек Болдвин е добитник на наградата „Оскар“.

понеделник (16 март), 23.15 часот – “The last samurai” (2003)

Херојот на граѓанската војна Нејтан Алгрен пристигнува во Јапонија за да се бори против самураите. Се случува пресврт и Нејтан е растргнат меѓу два света. Историска драма која беше номинирана за четири „Оскари” и три “Златни глобуси, а актерската екипа ја сочинуваат Том Круз, Кен Ватанабе, Шин Којамада, Масато Харада и Сеизо Фукумото.

вторник (17 март), 23.15 часот – “Magnolia” (1999)

Девет сосема различни но поврзани приказни за односите на луѓето за време на еден ден во Лос Анџелес и нивната потрага по љубов и проштевање. Филмот беше номиниран за три „Оскари“.

„Магнолија е таков тип на филм на којшто одговорам инстинктивно. Тој логиката ја остава пред врата. Гледачот не треба да очекува ограничен вкус и воздржаност туку некаков вид оперна екстаза.“

среда (18 март), 23.15 часот – “Collateral damage” (2002)

Колумбиската герила, предводена од немилосрдниот Клаудио Парини (наречен „Волк“), организира бомбашки напад во Лос Ангелес. Во нападот страдаат невини жртви – сопругата и синот на пожарникарот Горди Брувер.

Откако неговото семејство е убиено во терористички напад, пожарникарот Горди оди во потрага по виновниците. Американски филм, во режија на Ендрју Дејвис, каде главните улоги ги толкуваат: Арнолд Шварценегер, Франческа Нери, Елијас Котијас и Клиф Кертис.

четврток (19 март) – “La Belle et La Bête” (2014)

Филмска адаптација на дизниевата приказна за најмалата ќерка на еден трговец и мистериозниот ѕвер кои се вљубуваат.

петок (20 март) – “All I wish” (2017)

Сена веќе не верува дека ќе најде сродна душа, совршена кариера и среден живот. Во нејзиниот живот ништо не е под контрола, сѐ до роденденската забава и познанството со Адам…Романтична комедија со Шерон Стоун и Тони Голдвин.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпионски трилери и ретро СФ на Телма во филмските термини

сабота (23 мај 2020), 22.15 часот – “Todos lo saben” (2018) Шпански психолошки трилер на …

error: Содржината е заштитена!