Почетна / Телевизија / Ново квиз шоу „Арена“, секоја недела во 21 часот на Алфа телевизија

Ново квиз шоу „Арена“, секоја недела во 21 часот на Алфа телевизија

 

Конечно започнува квиз шоуто на Алфа телевизија

 

Алфа телевизија го отпочнува емитувањето на квизот на знаење – “Арена”. Форматот на квизот е автентичен, оригинален концепт, и претставува успешна интеракција од повеќе вештини како што се знаење, брзина, логично размислување и комуникација.

 

 

Еднаш неделно четворица натпреварувачи ќе се соочат меѓу себе за вредни награди, а најдобриот се стекнува со шанса успехот да го повтори во наредната емисија.

„Арена“ е забавна за гледачите, за публиката и секако, забавна и за натпреварувачите. Квизот вклучува пет игри во секоја емисија, а на крајот има предизвик од публика, кога победникот игра против еден случајно избран натпреварувач од публиката, што се бори да му ги земе парите на натпреварувачот.

 

 

Водител на квизот е познатото ТВ лице Димитар Атанасовски.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма вработува новинар-уредник за веб сајт и контент креатор

ТВ Телма вработува новинари на работна позиција новинар-уредник на веб страната www.telma.com.mk. и content creator …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!