Почетна / МК Сцена / Мартија ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија

Мартија ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија

 

По “Ѕвездичките на Пинк”, нов предизвик за нашата омилена

 

Феноменот од дете, Мартија Станојковиќ е избрана да биде претставничка на Македонија на овогодинешното издание на Детската Евровизија кое ќе се одржи во ноември во Малта. Големото изненадување беше откриено во првиот дневник на Македонската телевизија денеска. Инаку Мартија е нашата надеж и гордост чиј пат кон славата само што се отвора.

 

 

Учеството во “Пинковите ѕвездички” и’ донесе голем успех, а за балканската публика стана омилена меѓу натпреварувачите и дете од кое секогаш се очекуваше нешто ново, поинакво и најдобро.

 

 

Честитки до Мартија. И’ посакуваме голем успех и на овој голем европски натпревар – јуниорската Евровизија. Мартија е наш победник!

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лаж“, нова песна со спот на Калиопи и дело на Ромео Грил

Песната беше премиерно претставена на големиот концерт на Калиопи минатиот викенд, пред многубројната публика во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!