Почетна / Телевизија / МТВ ќе репризира канадска емисија од регионалните телевизии

МТВ ќе репризира канадска емисија од регионалните телевизии

 

Емисијата која измината година се емитуваше на локалните тв канали како А1, О2, Мега, Ултра, К3, Канал 3… сега ќе се репризира и тоа на државниот национален тв сервис. На МТВ 1 ќе се емитува од понеделник до петок во 18.15 часот.

 

 

„Препуштете му го тоа на Брајан“ е серија од канадско производство посветена на реновирање на куќи. Емисијата на темели на концептот дека реновирањето на посакуваните делови од страна на сопствениците на куќите не е секогаш најнеопходно и најпотребно.

Испирацијата на водителот и авторот на серијалот Брајан Бомлер е во неговото долгогодишно искуство во реновирање на туѓите домови и преголемите желби на клиентите кои, честопати ги забораваат структурните недостатоци на својот дом.

 

 

Во секоја епизода Брајан се среќава со сопствениците на куќата за да дознае што сакаат тие да реновираат, а во исто време прави проценка што е најкритично за реновирање. Подоцна се враќа во куќата и го започнува реновирањето онаму каде што смета дека е најпотребно.

За изборот на Брајан сопствениците дознаваат дури при крајот на градежните работи.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!