Почетна / Серии / Место во репризите на МТВ доби и детската серија „5+ Фамилија“

Место во репризите на МТВ доби и детската серија „5+ Фамилија“

 
Секое утро во 10.35 часот – реприза на Петко на Прва
 
 
Петко, Лина, Цветко и Комшо секојдневно ги учеа дечињата на здрава исхрана, ја подигнуваа еколошката свест и ги насочуваа најмладите на позитивно однесување во последната сезона која се емитуваше на Македонската телевизија.
 
 

Емисијата “5 плус” е интерактивен тип емисија со забавно едукативен карактер,  комбинација од тематски емисии со интересни гости и интерактивни игри наменети за деца. МТВ веќе стана препознатлива со Алфа како телевизии кои постојано репризираат содржини, па така ред дојде и за оваа домашна серија.

 
 
Покрај водителот, во емисијата има и маскота – кучето Петко. Маскотата има активна улога во емисијата и служи како поддршка на водителот при водењето на емисијата. Ликот на Петко е конструиран на начин кој овозможува лесна идентификација на децата со него, а крајната  цел е децата да присвојат дел од позитивните навики кои ги промовира Петко.
 
 
“5 плус” е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде нов медиумски простор кој ќе образува и забавува.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …