Почетна / МК Сцена / Мега проектот „Извор“ со концертна промоција низ цела Македонија

Мега проектот „Извор“ со концертна промоција низ цела Македонија

 

Што следува по Скопје, Охрид и Битола ?

 

Авалон со големо задоволство најавува продолжение на концертната турнеја на Каролина, која во периодот од крајот на овој месец и почетокот на идниот, ќе се одржи во неколку градови низ Македонија, а ќе биде во рамки на промоцијата на новиот албум „Извор“ кој за кратко време ги освои срцата на милиони Македонци.

 

 

Каролина заедно со нејзиниот бенд на овој дел од турнејата ќе настапи во Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица и Штип, на следниве дати:

21 април- Дом на култура „Иљо Антевски- Смок“, Тетово
24 април- Дом на култура „АСНОМ“- Гостивар
06 мај- Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово
07 мај- Дом на култура „Ацо Шопов“- Штип
10 мај- Дом на култура „Антон Панов“- Струмица

 

 

На концертите ќе бидат изведени најновите нумери од „Извор“, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Билетите по цена од 450 денари, ќе бидат пуштени во продажба веднаш, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на веб страницата на ККЗС.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески Вчеравечер во Вип Арената “Борис …

Leave a Reply