Почетна / МК Сцена / Видео | Поп пејачката Елена Ристеска преработи песна од Грета Кочи

Видео | Поп пејачката Елена Ристеска преработи песна од Грета Кочи

 

Уште еден хит од последниот албум на Елена

 

Популарната македонска поп пејачка Елена Ристеска деновиве извади уште еден сингл кој е дел од албумот “Без шминка”. Песната е промовирана преку јутјуб и социјалните мрежи, со оглед на тоа дека не може истото да се стори преку медиумите поради забраната од ЗАМП,. “Вети” е преработка на песната “Koha s’ndalet” од Грета Кочи, текстот го напиша самата Елена, а музиката и аранжманот се на Дарко Димитров .

 

 

– “Песната се вика “ВЕТИ” а мене ми е една од најомилените песни на албумот затоа и сакав да ја преработам и да направам препев. Кој сака може да направи караоке верзија со текст:). Овојпат тој дел ви го оставам на вас… – изјави пејачката за нејзината нова песна.

Во продолжение слушнете ја песната :

 


 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Жешки и возбудливи, Таско и Таша Реј полуголи во „Амнезија“

Таско промовираше нова песна и спот. Амнезија е насловот на песната и е во трап …

error: Содржината е заштитена!