Почетна / Забава / Евровизија / Мартија како светска ѕвезда во интервјуто кое го даде во Малта

Мартија како светска ѕвезда во интервјуто кое го даде во Малта

 

Мартија подготвена, време е и Македонија да слави

 

Денес, 16 часот е терминот кога сите ќе стискаме палци за нашата најголема ѕвездичка и музичка надеж – Мартија Станојковиќ. Мартија денеска пее во Малта и ги брани боите на Македонија на најголемиот детски фестивал во Европа, јуниорската Евровизија.

Очекувањата од нејзиниот настап се големи. Евровизиските фанови предвидуваат највисок пласман. Евровизиските анкети покажуваат дека Мартија имала најдобри проби и најголеми шанси за успех. Македонците очекуваат победа. И победа може слободно да се очекува.

 

 

Денеска сите навиваме за „Love Will Lead Our Way“ („Љубовта нè води“), чиј комплетен автор е Александар Масевски, а за реализацијата на спотот се погрижи Александар Ристовски-Принц. За разиграноста на спотот  придонесоа кореографката Александра Димитриевска и сите членови на клубот за модерни танци „Ултра“ од Куманово.
 

 
Спектакл на сцена, очекуваме во 16 часот на Собранискиот канал на МТВ. Во продолжение, погледнете го нејзиното интервју во Малта, кое плени со позитивна енергија и кое ги изненади сите светски медиуми.
По ова интервју, сите се согласија – Мартија е светски вокал, која oдушевува со тоа што се облекува и однесува пред камери како вистинска светска ѕвезда од типот на Селена Гомез или Џастин Бибер.
 
 

 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …