Почетна / Сапуници / (ФОТО) Кој е Емир, новиот миленик на женската публика?

(ФОТО) Кој е Емир, новиот миленик на женската публика?

 

Емир е новиот миленик на женската популација

 

 

Новата турска теленовела на Алфа телевизија, “Девојката со име Фериха” го донесе и новиот заводник на тв екраните. Се работи за Чагатај Улисој, кој во серијата ја толкува улогата на Емир, богат плејбој чија убавина ќе го заледи срцето на главната хероина, сиромашната Фериха. Поради оваа улога, актерот стана познат во земјите во кои се емитуваат турските серии, а со тоа стана и еден од најпосакуваните турски актери.

 

 

Роден е на 23 септември 1990 година во Истанбул во семејство кое емигрирало од Босна во Турција. Како тинејџер започнува да се занимава со манекенство, а а на 19 години ја добива наградата за Најдобар модел на Турција. Првата главна улога ја добива во “Девојката со име Фериха”, а поради големиот успех кој го доживува серијата во арапскиот свет и на Балканот, понудена му е нова улога, овојпат во турскиот римејк на “Округот Оринџ”.

 

 

 

За улогата во Фериха, самиот вели:

“Глумата ми е приоритет во животот. Улогата во серијата ми донесе голема слава, но и многу обожавателки пред вратата. Буквално се случуваше и пред станот каде живеев со мајка ми, да ме чекаат обожавателки пред врата, па дури една и сосила да влезе внатре. Тоа е многу симпатично, но сепак таа популарност може некогаш да биде проблематична. Затоа и се одселив од тој стан.

Серијата “Девојката со име Фериха” постигна навистина неверојатен успех секаде каде што се прикажуваше, од земјите на Блискиот Исток, па Бугарија, Босна, Хрватска, Романија, Словачка и Украина, а важи за најгледана серија во Пакистан и Казахстан. Поради овој успех, серијата ќе започне да се емитува и на другата страна на светот”.

 

 За најнепријатната ситуација која му се сличила со обожавателка, актерот објаснува:

“Бев во тоалетот на еден ресторан и додека стоев над писоарот, во тоалетот неприметно влегла некоја моја обожавателка и се обиде да ме слика.”

 

 

За неговата партнерка во серијата, вели дека разликата во висината им создавала проблеми во некои сцени. Иако се зближиле многу за време на снимањата, сепак и двајцата негираат дека се случило нешто повеќе од пријателство.

 

 

Можеби не со Фериха, но Емир имал врска со неговата следна партнерка, Серенај со која сеуште снима во Турција. Турските медиуми го поврзувале и со жени во триесетите, а пак босанските медиуми шпекулираа за негова врска со некоја босанска манекенка.

 

 

 

Во Турција во 2013 година изби една афера во која актерот беше фатен со дрога и поминал цела ноќ во притвор. Неговите колеги и самиот он објаснуваат дека не се работи за дрога, туку за енергетски таблети кои секој актер кој премногу работи, може слободно да ги пие. Но потоа актерот изјави дека сепак еднаш во животот пробал дрога, но никогаш не паднал втор пат на искушение.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!