Почетна / МК Сцена / „Централ парк – Запад“ на Вуди Ален на сцената на Театар 007

„Централ парк – Запад“ на Вуди Ален на сцената на Театар 007

 

Несекојдневна комедија на сцената на Театар 007

 

Праизведбата на текстот „ЦЕНТРАЛ ПАРК-ЗАПАД“ од Вуди Ален, на сцената на „Театар 007“ се случи премиерно на 10 декември, 2014 година, а театарското освежување ќе биде четврт и пет пат репризирано вечерва и утревечер, 30 и 31 јануари, 2015, со почеток од 21 часот. Претставата ќе се одигра на малата сцена на Универзална сала во Скопје. Билети за претставата може да с енабават во Универзална сала.

 

 

Совршената фасада и надворешна доминантност, не секогаш значи дека во внатрешноста владее мир, спокојство и среќа. И елитата е дел од обичната секојдневна човечка пракса на живеење, во која не секогаш е „розово“, па често пати и тие стануваат дисфункционални во социолошкото битисување. Неверството, лагите, сексот, љубовта, современата болест „депресијата“ и на театарската сцена се главните теми околу кои се создаваат сите „вообичаени“ човечки ситуации, во „невообичаен“ средина на луѓе за кои никој никогаш не би помислил дека имаат такви проблеми. „Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку таа е и отворена психолошка сеанса за публиката. Преку петте различни карактери на Филис, Керол, Хауард, Сем и Џулиет, оваа претстава со молскавична брзина го води гледачот низ мноштво најразлични ситуации кои кулминираат со неочекувани пресврти и изненадувања.
„Вудиаленовскиот“ интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одоговор.

 

 

Улогите ги толкуваат Ирена Илиевска, Јеткин Сезаир, Ангела Наумоска, Марко Богдановски и Елизабета Клинчаревска-Младеновска.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билети за концертите на Ерос и Адамс и во Avalon ticket shop

Билетите за концертот на Eros Ramazzotti како и за концертот на Bryan Adams ќе може …