Почетна / Телевизија / Томато Продукција стана Супербренд. Честитки!

Томато Продукција стана Супербренд. Честитки!

Томато Продукција се здоби со престижното признание за Супербренд за 2011/2012 во Македонија. Со многуте успешни емисии, спотови, телевизиски проекти, реклами и сето она што Томато го создаваше во текот на своето тринаесетгодишно постоење даде нова димензија и остави автентичен печат на телевизиското и филмското работење во Македонија. Создаде култни проекти кои ги срушија сите рекорди на гледаност кај нас, а и во странство. Фактот дека сето ова навистина и се допаѓа на публиката за која и е наменето, се докажа и со тоа што Томато Продукција е добитник на многу награди, плакети, признанија, номинации и благодарници од локален, национален и светски карактер. Томато Продукција е единствената продукција која влезе во тесниот круг на успешни и најдобри брендови во Македонија.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски цензуриран на Телма? Ова е постот што тој го објави

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи по повод откажувањето на неговото гостување …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!