Почетна / Сапуници / Тие се најзгодните латино ѕвезди

Тие се најзгодните латино ѕвезди

Македонија избра, тие се најзгодните латино ѕвезди!

 

Четири месечна потрага, со над десет илјади посети и стотици гласови во дневните анкети, форумот ТВ Пакет ги избра најзгодните латино актери на денешницата.

 

GENESIS RODRIGUEZ

 

26 годишната латино актерка е позната по теленовелите Prisionera, Dame Chocolate и Doña Bárbara, a последниве години гради голема холивудска кариера избивајки на А листата како една од ретките латино актерки кои успеале во Холивуд. Со појавата во филмовите Man on a Ledge, Casa de Mi Padre, What to Expect When You’re Expecting, и The Last Stand, Хенесис веќе се смета за новата Салма Хајек. 

 

DAVID ZEPEDA

 

39 годишниот мексикански актер своевремено бил прв придружник на изборот за мистер Manhunt International 2000 одржан во Сингапур. Откако комплетно гол се појави во филмот Desnudos, телевизиските куќи едноставно морале да го имаат во своите редови. Така Давид се појави во ред главни улоги во успешни теленовели како Acorralada, Sortilegio, Soy Tu Dueña и La fuerza del destino а моментално е еден од најплатените и најбарани латино актери. 

 

ЈоцКо|ТвПакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | На снимањето на последните епизоди од „Далеку од дома“

Костимираната телевизиска серија на Сител се приближува кон големото финале. Додека ги следиме последните случувања …

error: Содржината е заштитена!