Почетна / Серии / Втора сезона на српската серија „Фолк“ на Алфа

Втора сезона на српската серија „Фолк“ на Алфа

 

Сагата за Ѕвездана со втора сезона на Алфа

Од понеделник до петок на Алфа телевизија во 19:30 часот ќе се прикажуваат новите продолженија на српската хит серија “Фолк”. Првата сезона на Алфа беше емитувана пред неколку месеци, а сега повторно репризирана. Веднаш по завршувањето на репризите, од 19 и 30 часот продолжува втората сезона која во Србија се емитуваше минатиот месец. Серијата во Србија достигна голема популарност, но не и кај нас. 

Слика

 

Првата сезона на популарната српска серија ја портретира главната ѕвезда на теленовелата „Фолк“, единаесетгодишната Ѕвездана, која во својот роден крај и по должината на магистралата долж реката Ибар, е позната како дете со ангелски глас. Додека таа пее, возрасните плачат.Свесни за нејзините потенцијали се и нејзините родители, особено нејзиниот татко кој ќе се лиши од се’ за да и’ обезбеди на Ѕвездана успешна естрадна кариера. Ѕвездана преку ден оди на училиште, а ноќе пее во кафеана и тоа е начин таа и нејзиното семејство да опстојуваат.Сите нејзини желби се насочени само кон една цел – да победи на државниот натпревар за прв глас на Србија. Тоа е нејзината шанса да влезе во светот на естрадата за кој сонува.

Слика

Во втората сезона, продолжуваме да го пратиме патот на веќе пораснатата пејачка Ѕвездана која се наоѓа на мрачната страна од српскиот естраден живот. Случајното познанство со кралот на белградската фолк сцена, Гане Папагај, ќе и обезбеди настап на Ѕвездана во една тв емисија, а потоа и во едно шоу. Ова гостување ќе ја стави Ѕвездана пред непристоен предлог од страна на водителот. Нејзиниот менаџер Лепи станува посесивен кон неа, а пак таа без негово знаење легнува во кревет со младиот продуцент. Пред Ѕвездана е нов избор, дрогата и проституцијата во светот на српската естрада. 

Втората сезона има 11 епизоди, а во оваа сезона улогата на Ѕвездана ја толкува Миљана Гавриловиќ.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски …

error: Содржината е заштитена!