Почетна / Телевизија / Празници се ближат, пристигна новогодишната реклама на Кока Кола!

Празници се ближат, пристигна новогодишната реклама на Кока Кола!

 

Пред две недели Кола Кола официјално ја претстави новата божиќна реклама која секогаш го навестува најубавиот период во годината, а црвените украсени камиони веќе пристигнаа и на македонските телевизии.

 

 

Оваа реклама традиционално секоја година го носи божиќниот дух во нашите топли домови, ја носи радоста и ја буди желбата да ги извадиме новогодишните сијалички и да ги украсиме прозорците. За жал оваа реклама е малку поинаква од останатите затоа што во неа повеќе го нема Џон Мур кој со години го глумеше Дедо Мраз во овие реклами.

Славниот дедо, чие благо лице и долгата бела брада се врежани во меморијата на многумина, почина годинава кон крајот на октомври на 86-та година од својот живот. 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на Прва Скопска ТВ се проширува – се бараат новинари

Ребрендингот на најстарата и најгледана скопска телевизија Прва Скопска (МТМ) ја наложи потребата и од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!