Почетна / Телевизија / Наместо ЕРТ во Солун се гледа МРТ

Наместо ЕРТ во Солун се гледа МРТ

 

МРТ наместо ЕРТ – по гасењето на сигналот на грчката државна телевизија ЕРТ на негово место во солунскиот регион сега зрачи сигналот на македонската државна радио и телевизија МРТ, јавува дописникот на МРТ од Атина.

„На оваа фотографија јасно се гледа каналот МРТ ( Македонска радио телевизија ) и случајот веќе налути илјадници гледачи во Солун, кои што наидоа на оваа необична ‘културна инвазија’ откако беше усвоено напуштањето на нашата фрекфенција”,  јавува порталот Њузбомб.

 

Во Грција сеуште не стивнуваат тензиите од како премиерот Антонис Самарас донесе решние за затвoрање на грчкиот јавен сервис и негово повторно отварање за неколку месеци.  Според последните информации, Самарас понудил до отварањето на новиот јавен сервис, да биде активиран еден дел од стариот при што мал број вработени би се грижеле околу емитувањето на информативните програми.

извор: МРТ

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …