Почетна / Сапуници / Од продукцијата на Глобо на ТВ 21 доаѓа тв новелата „Рамо до рамо“

Од продукцијата на Глобо на ТВ 21 доаѓа тв новелата „Рамо до рамо“

 

Нова серија на Глобо – од понеделник до петок во 15 часот

 

На новата телевизија 21, која емитува програма на албански и македонски јазик, со емитување започна бразилската теленовела “Рамо до рамо”. Се работи за новела, добитничка на престижната награда ЕМИ за најдобра теленовела за 2013 година. Ќе се емитува од понеделник до петок во 15 часот со македонски титл.

 

 

Содржина :

Дејството на серијата се одвива во почетокот на 20 век, а говори за Лаура и Исабел, две жени кои доаѓаат од различни општествени слоеви, но кои имаат една иста цел во животот : да се изборат против конзервативноста која владее во тоа општество. Исабел е сиромашна, но идеалистка и храбра жена, која живее во едно сиромашно маало заедно со татко и, бивш роб. Таа работи како слугинка на една француска дама која ја научила на европски манири на однесување. Една ноќ, додека трае фестивалот на самбата, таа го запознава Зе Марија. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но таа не знае дека нејзиниот сакан се занимава со забранета боречка вештина во Бразил.

 

 

Од друга страна, Лаура живее во еден сосема друг свет, свет на богатство и раскош. Ќерка е на бивш одгледувач на кафе, Асунсао и на доминантната Констанција. По дипломирањето, Лаура тајно работи како учителка. Нејзината мајка се обидува да се спротистави на бунтовништвото на Лаура и да ја омажи за богатиот Едгар, така што богатството би се проширило. И додека трае договорената свадба на Лаура и Едгар, во црквата се наоѓа и Исабел која го чека Зе Марија за да се венчаат. Но Зе Марија е спречен да дојде на својата венчавка затоа што е уапсен поради учество во улична тепачка, во која сакал да спречи неправда. И тој ден тагата ги запознава и зближува Исабел и Лаура. Едната останува без љубениот, а другата пред истиот олтар се венча со човек што не го сака ниту го познава.

 

 

Животот продолжува за двете девојки, но во сосема поинаков правец. На изненадување на сите, Лаура и Едгар се вљубуваат, а пак братот на Лаура, Албертињо се вљубува во Исабел и таа затруднува од него. Доња Констанција ќе направи се’ за да ја спречи врската на синот со сиромашната Исабел, и затоа по породувањето ќе и го украде бебето.

Во тоа време на големи политички и општествени промени, двете жени, Исабел и Лаура ќе застанат пред своето време и ќе ги стават рамо до рамо двата света, оној на раскошот и другиот на едноставноста, оној на напредокот и другиот, на предраасудите.

 

Улоги : Marjorie Estiano, Camila Pitanga, Thiago Fragoso, Lázaro Ramos, Alessandra Negrini, Patrícia Pillar, Werner Schünemann, Caio Blat, Cássio Gabus Mendes, Christiana Guinle

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!