Почетна / Забава / Евровизија / Македонија на Евровизија

Македонија на Евровизија

19/43

 МАКЕДОНИЈА

Изведувач: Kaliopi
Песна: ‘Crno i belo’
Второ полуфинале (24/05/2012)

 

По неколку години неуспех и навистина лоша организација на Скопски фестивал, МРТВ одлучи да го промени концептот на избор на изведувач за Евровизија. На наша радост, а верувам и на останатите фанови на Евровизија, тие се одлучија на интерен избор, нешто што одамна ѝ фалеше на нашава земја. Но, за некои радост, за некои незадоволство, тие избраа еден од најдобрите вокали во Македонија, Калиопи. Според мене тие го направија вистинскиот избор за ваков прв интерен избор, и Калиопи беше мојата желба уште од многу одамна таа да се појави на овој настан. Песната официјално ѝ беше претставена на јавноста на 29-ти февруари. Повеќето коментари беа позитивни, за разлика од претходните години како што беше неизбежно да се слушнат многу негативни коментари за нашиот претставник, и кај нас, а и на Евровизиските веб страници. Па, го направивме вистинскиот избор, драги мои, и преостанува само да се надеваме дека Калиопи ќе се пласира во финале, бидејќи годинава, навистина тоа го заслужуваме.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …