Почетна / Серии / Видео | МТВ 1 ве потсетува на „UnREAL“, серијата за едно реално шоу

Видео | МТВ 1 ве потсетува на „UnREAL“, серијата за едно реално шоу

Од понеделник до петок околу 22 часот, следува реприза на првата сезона од “Нереално” на Прва. Серијата нѐ води во светот на снимањето на едно реално шоу, сите драми и скандали кои се случуваат зад камерите.

Ѕирнете повторно во хаосот зад кулисите на снимањето на “Everlasting”, реално шоу кое се занимава со барање на партнери. Главната јунакиња е Рејчел Голдберг, млада продуцентка чија единствена цел е да манипулира со меѓучовечките односи на натпреварувачите во шоуто, како би постигнала драматичен заплет и провокативни снимки какви што од неа побарува изршната продуцентка Квин Кинг.  Се запознаваме со целата скандалозна екипа на шоуто, но и со самите натпреварувачи.

Возбудата може да почне. Натпреварот е во тек, борбата за прво место е сѐ поголема и сѐ поопасна. Сето тоа што се случува во реалното шоу е сѐ, освен нешто реално.

Од петок во 22:00 часот на МТВ1 гледајте ја серијата „Нереално“

Магијата на телевизијата е заводлива, но што се случува зад камерите? Шармантниот и богат дечко ја бара идната сопруга, а кандидатките со желба за успех ќе ја почувствуваат само суровоста на шоубизнисот! Телевизиска сензација која не смеете да ја пропуштите.Од петок во 22:00 часот на МТВ1 гледајте ја серијата „Нереално“

Gepostet von МРТ1 Промо am Donnerstag, 27. Februar 2020

 

Магијата на телевизијата е заводлива, но што се случува зад камерите? Шармантниот и богат дечко ја бара идната сопруга, а кандидатките со желба за успех ќе ја почувствуваат само суровоста на шоубизнисот! Телевизиска сензација која не смеете да ја пропуштите.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!