Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Елена Ристеска ја донираше наградата – еве како ја пречекаа

Елена Ристеска ја донираше наградата – еве како ја пречекаа

 

После победата во последната епизода од ТЛЗП Елена пристигна во Домот за деца без родители „11 Октомври“ за да својата освоена награда ја донира таму каде таа недостига. Елена пред да се омажи живеела во близината на Домот и како што вели си играла со децата секогаш, не правела воошто разлика меѓу нив. Често ги посетува и ден денес.

Влегувањето кај дечињата беше момент преполн со емоции. Од една страна насмевки од друга страна тага во очињата на децата. Големите научиле да се носат со недостигот од родителска грижа но малите се уште бараат некој на кого ќе се потпрат. Па најмалиот кој има само три години, се залепи за Елена уште од самиот почеток. Воспитувачките велат дека тоа го прави постојано, бара некого, бара љубов.

 

 

А Елена со својата насмевка и позитивна енергија успеа да им донесе малку среќа повеќе со своето присуство отколку со 1000 евра. „Парите ќе се потрошат, ова е многу малку, но она што останува е подадената рака, љубовта“, вели нашата Џеј Ло.

Заеднички одиграа и отпеаја неколку песни од Елена, се потсетија на нејзините настапи во ТЛЗП. А она што заклучивме е дека среќата на овие лица е поголема од победите од освоените награди. Нивната насмевка е поголема од секој лош ден од секој лош коментар за Елена. Оти тоа што го имате на сцена е само шоу а овде е вистинскиот живот…

Ова е живот на децата кој Елена се обиде да им го олесни и успеа барем на неколку часа. А како и поминуват часовите на Елена кога е во Белград?

– Тоа е постојано трчање на проби тонски, танцувачки, од тоа постојанао трчање немам време ни да јадам. Што пак резултираше со моето слабеење за кое ме искараа од продукцијата со зборовите:

Кај најде сега да ослобаш кога ни треба задникот за тверкање на Џенифер Лопез

Но се покажа дека токму тој задник е добитна комбинација

– Навистина не очекував дека токму овој настап ке биде мојот победнички, очекував дека песните во кои пејам повеќе ке им се допаднат повеќе, но се покажа токму спротивното. Сметам дека во петтата епизода победив зотоа што сега сфатив зошто сум таму, претходните некако се барав себе си, имав чуство дека давам се од себе ама резултатот го нема. Во последната епизода а со помош на мојата пријателка Весна Бејби од која добив совет за глумата ја сфатив поентата и решив да се забавувам и успеав.

 

 

На прашањето има ли љубомора од колегите и каква е поддршката од истите вели:

– Јас кон мене не чуствувам завист од никого најмногу се дружам со Јелена Гавриловиќ таа ми е цимерка во гардеробата па со неа сум најчесто. Со останатите имаме многу малку време да се гледаме се разминуваме на пробите сите сме сконцентрирани на тоа што треба да го направиме од недела во недела, а тоа се премалку денови за да се подготвиме и да глумиме и да пееме и да играме и сето тоа да изгледа одлично….

Елена во Белград е најчесто сама но доаѓаат и нејзините родители и нејзиниот сопруг.

Би сакала да бидат почесто тука но многу малку време имам да им го посветам. Имаме еден слободен ден во текот на неделата па се обидувам тогаш да се одморам а ако некој од моите е тука тоа е полн погодок.

– Во следната епизода ќе биде Харис Џиновиќ, Елена вели дека конечно и се исполнила желбата па на шега вели

-Е сега ќе видиме дали со брковите ќе личам на татко ми.

На негативните коментари ќе рече дека е професионалец и веќе 12 години на сцена. Сето тоа е дел од нејзината работа. Одамна научила да живее со нив.

Како реагира на помалку зајадливите дури и вулгарни коментари на Иван Ивановиќ:

– Понекогаш не се чуствувам убаво заради неговите изјави, но сепак јас сум дама и подобро е сите тие негови коментари да ги проследам со насмевка отколку да му вратам. Јас сепак се обраќам на публиката а не само на жирито.Знам како да им вратам со иста мера но сметам дека имиџиот кој сум го градела и нивото на однесување кое го имам треба да си го задржам…

Добитна комбинација за финале вели дека би било спој на одичен пејач, одлична танчерска точка но и нешто не видено. А бидејќи имитациите во полуфиналето и финалето сами ги бираат натреварувачите, Елена е подготвена да го слушне мислењето на публиката па вели:

– Слободно давајте совети и мислења…ми значи вашата помош…

Насмена и позитивна Елена замина повторно за Белград. Овој пат да ги облече панталоните на Харис Џиновиќ.

 

 

Извор: Сител

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …