Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 23

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 23

Непрегледен број рудари слегваа кон рудникот. Секој со своите мисли се упатуваше кон своето работно место. Им беше мило што Тристан се врати на својата работна позиција по краткото отсуство.  Мисијата на Тристан беше да се обединат и чесно да работат за да им докажат на своте надредени дека работат продуктивно и тимски. Беше решен никој од управата повеќе да нема замерки за дадениот труд и работа. Откако се поздрави со своите пријатели и работници, Тристан појде да ја види Јулиса. Беше дојдена во бараката за да донесе некои документи од канцеларијата.

–          Јулиса… Јулиса, зборувај со мене, те молам. Онаа вечер…не бев при себе, не знаев што зборувам. Се што кажав беше кажано во бес, но едно е јасно, не можам да живеам без тебе бидејки те љубам, – ја гледаше во очи додека и зборуваше, држејки ја за рака. – Ајде да заминеме од ова проклето место, Јулиса. Можеме да живееме во Виљаермоса. Јас ќе побарам повеќе часови за предавања а ти е можеш да ги продолжиш студиите.

–          Жалам, Тристан. Ќе ми докажеш дека ме љубиш ако ме оставиш да работам…

–          Да работиш со него?, – Тристан повторно го совлада бес. – Тоа не можам, Јулиса. Ме разбеснува помислата дека си покрај него.

–          Имај доверба во мене, – додаде таа и му се извини дека мора да се врати назад во канцеларија. Шоферот од компанијата веќе ја чекаше пред бараката.

 

Тоа утро, Ектор Фалкон стигна меѓ последните во канцеларијата. Кога го здогледаа службеничките му пријдоа да му посакаат среќен роденден. Ектор отсутно им се заблагодари и се упати кон својата канцеларија. Не можеше да престане да мисли на зборовите на Вадо од сношти. Дека Јулиса е негов непријател и дека не треба да се вљубува во неа. Неговата секретарка го понуди со кафе и сок од цеден портокал.

–          Ти благодарам, Трансито, но сега можеш да излезеш. За некоја минута ми започнува состанокот со адвокатот Алкантара.

–          Секако, господине. Штом ќе пристигне, ќе му кажам да влезе.

–          Ти благодарам.

 

Кога пристигна младиот адвокат Саломон Алкантара, имаше неодговорени прашања на кои бараше одговор. Не сакаше претходната вечер да дискутира на таа тема на забавата, но сега беше вистинското време.

–          Јас ја правев истрагата на име Тристан Фуего и некои нешта не ми се порзуваат, Ектор. Сакам да ми ја кажеш вистината. Целата вистина, – потенцираше.

–          Не те разбирам, Саломон. Од почетокот бев искрен со тебе и ти ја кажав целата вистина.

–          Не се, Ектор. Кога се случила експлозијата, во топилницата имало некои странски инвеститори.

–          Да, јапонци кои сакаа да купат акции од компанијата, но мене не ми одговараше нивната зделка бидејки сакаа дел од одборот.

–          Што уште криеш од мене, Ектор? Дали несреќата во која починал работникот Мелчор Рентеира беше испланирана? Ти знаеше дека печката не работи како што треба?!

–          Во ред, – неволно се согласи Ектор. – Имав намера да ги елиминирам јапонците, но немав намера никого да убијам.

–          Но токму тоа се случило! Почина еден работник и за тоа го обвинивте невиниот Тристан Фуего! Го икористи родениот брат за да ја сокриеш својата вина.

–          Да, да, Саломон, бев ѓубре, потклекнат од амбициите и стравот го обвинив Тристан. Што друго сакаш да ти кажам? Ти признавам дека сум виновен.

–          Кој ги подметна лажните докази за вината на Тристан?

–          Дамијана Фуентес.

–          Дамијана Фуентес?, – шокирано праша Саломон.

–          Да, Саломон. Дон Вадо бараше виновник и Дамијана му го сервираше Тристан на тацна. Во собирањето на докази и помогна Антолин Варгас, задолжен за безбедноста во рудникот. Кога ги доставија доказите во рацете на дон Вадо и кога сфатив дека го местат Тристан, беше доцна да направам било што.

–          И што сега? Колку што знам, Тристан ќе се врати на својата работна позиција. Невистина не би сакал да сум во твоја кожа, пријателе.

–          Со години се борев да го добијам ова место каде што сум сега. Ако сакам да останам на тронот, не смеам да му се протиставам на дон Вадо, – призна Ектор. – И прв пат слушам од тебе дека Тристан се вратил на работната позиција!

Во тој миг во канцеларијата влезе Јулиса.

–          Извинете, господа. Инжењеру Фалкон, ви ги носам документите кои ги баравте.

–          Јулиса, дали е точно дека Тристан Фуего се вратил на работа во рудникот?

–          Да, инжењеру. Пред малку го видов.

–          Ти благодарам, – длабоко воздивна Ектор па и даде дозвола на Јулиса да ја напушти канцеларијата. Ја подигна телефонската слушалка;

–          Трансито, нека биде шоферот долу за десет минути. Сакам да ме одвезе до рудникот за злато.

Ја спушти слушалката и погледна во својот пријател и адвокат.

–          Извини, Саломон, но ова не може да чека.

–          Што ќе правиш?

–          Она што требаше да го сторам одамна, – одговори Ектор и ја напушти канцеларијата.

 

Ектор слезе од службеното возило пред рудникот за злато. Го побара Тристан во бараката, но му беше кажано дека е во рудникот. Ја зеде првата кацига која ја најде и влезе под земја. Го затекна Тристан како им дава инструкции на рударите.

–          Слушнав дека си се вратил на работа, – почна Ектор без заобиколување.

–          Да. Дали е проблем?

–          Всушност, да. Жалам, Тристан но твоето место повеќе не е во рудникот. Отпуштен си.

Тристан со недоверба гледаше во својот брат и надреден.

–          Прво ме местиш во затвор а сега ми даваш отказ? Не можам да верувам!

–          Верувај во што сакаш, но повеќе не си дел од оваа компанија.

–          Нема да го напуштам моето работно место. Не го прифаќам отказот!

–          Ако имаш поплаки, го имаш синдикатот да се жалиш. Јас го кажав своето.

–          Не ти беше доволно што учевствуваше во заверата да ме затворат?

–          Мисли што сакаш, Тристан. Мојатта совест е мирна.

–          Ти си лицемер, Сантијаго! , – бесно го нарече по правото име. – Договори сојуз со ѓаволот само да бидеш надмен.

–          Ти си неблагодарен, Тристан. Не ти е доволно што те извлеков од затвор?

–          Се срамам што во нас двајцата тече иста крв. Но јас сум вистински Фуего. Чесен, искрен и нималку подол како тебе. Ти си вистински Фалкон. Манипулатевен, лажливец и зол.

–          Не ме предизвикувај, Тристан, – бесно му пријде Ектор.

–          Еден де ќе го откријам твоето право лице, Сантијаго.

Ектор се заврте и ноншалантно го напушти рудникот.

 

Кога Ектор се врати назад во канцеларијата, Саломон го чекаше на истото место. За младиот адвокат разговорот не беше завршен. Кога Ектор го здогледа во својата канцеларија знаеше дека следува нова доза на прекор, а за тоа не беше подготвен, особено не по случувањето со Тристан.  Му требаше нешто силно за да го издржи тшкиот ден па посегна по коњак во мини барот.

–          Претпоставувам дека му даде отказ, – мирно започна Саломон.

Ектор молчеше. Со чашката коњак во раце го фокусираше својот поглед кон панорамата на индустрискиот град која се гледаше од прозорецот во канцеларијата.

–          Како твој адвокат, но пред се како твој пријател, те советувам дека постапи лошо.  Тристан е прогласен за невин и има право да бара поплака затоа што е отпуштен без причина.

–          Делуваш како нему да си му подобар пријател отколку мене, – Ектор го прекори адвокатот.

–          Ме побара да дојдам тука за да ги штитам правата на твојот брат. Тоа и го правам, – мирно го потсети Саломон. – Ектор, меѓ нас двајца никогаш немало тајни. Ти зборувам искрено за да не западнеш во нова невоља. Ако се открие дека Дамијана Фуентес  и ти сте замешани во подметнувањето на лажни докази, не знам како ќе можам да те бранам. Од друга страна пак, ако докажам дека Тристан е невин, ќе започнат нова исрага да го откријат виновникот. И не заборавај дека некој се обиде да го убие Тристан во затвор. Тристан може да покрене истрага и по тоа прашање.

–          Белки не мислиш дека јас сакав да го убијам родениот брат?

–          Ектор, студирав право и верувам во правдата. Вистината секогаш ќе биде посилна од нашето пријателство. Се што ќе откријам ќе морам да го објавам пред сдот, макар и тоа да се докази против тебе.

–          Сакаш да кажеш дека од овој момент се вртиш против мене?

Саломон не одговори ништо. Ја зеде својата акт чанта и мирно ја напушти канцеларијата. Ектор посегна по нова чашка коњак.

 

Беше тивка приквечерина на верандата пред пансионот на Макарија. Тристан ја извести Јулиса за ненадејната одлука на нејзиниот шеф да го отпушти од рудникот.

–          Повеќе ништо не ме држи во овој проколнат град, Јулиса. Морам да заминам од тука пред одново да завршам во затвор или пред да ме убие некој. Те молам уште еднаш да дојдеш со мене. Остави ја работата, ќе одиме во Виљаермоса…

–          Не сега, Тристан. Не сега кога сум толк близу до Вадо Фалкон.

–          Јулиса, последен пат те молам, дојди со мене.

–          Не, Тристан, во името на Бога, не инсистирај…

–          Тогаш, – за момент неодлучно застана. – Збогум, Јулиса. Овој пат засекогаш. Ова е нашето последно гледање.

–          Тристан, љубов моја, зошто не ме разбереш? Зошто си толку тежок и тврдоглав?

Тој не одговори ништо. Потрча кон својот автомобил и даде синлен гас на возилото оставајки прашина и гас зад себе.

 

Јулиса влезе во куќата со насолзени очи. Во фоајето ја чекаше Макарија.

–          Плачеш, ќерко? Видов дека зборувае со Тристан…

–          Нашето е готово, мамо. Тристан замина.

–          Јулиса, ќерко, – Макарија ја зеде саканата ќерка во своите прегратки тешејки ја за неисполнеата љубов. – Не знам дали е вистинско време, но попладенво ова стигна за тебе, – и покажа на тоалетната масичка на која лежеше букет од црвени рози и писменце.

–          Јулиса, сакам да знаеш дека во мене секогаш ќе имаш пријател. Откако те запознав остана заклучена во моето срце. Знам дека си туѓа, но не можам да се борам против овие чувства кои горат како оган во мене. Секогаш можеш да сметаш на мојата почит и мојата љубов. Знам дека ќе морам да се борам за да бидеш моја, но подготвен сум на се, макар и излегол како губитник на крајот. Ектор.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …