Почетна / Спорт / Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу

Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу

Нашата Катерина Ацевска го освои сребрениот медал на европското првенство во џиу-џицу што се одржа во Питешти, Романија.

Во Питешти, Романија, се одржуваше Европското првенство во џиу-џицу, а Македонија имаше неколкумина свои претставници: Александра Ацевска, Јаким Колевски, Антонио Стојчески и Данил Николиски.Ова е втор медал од Европските првенства, после бронзениот од Франција.

Позади нас останаа велесили како Франција, Португалија, Грција, Унгарија, како и уште 20 држави што имаа пријавено борци на Еврското првенство. Катерина се натпреваруваше во категоријата над 70 килограми, а во финалето загуби од Германката Лота Сандер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КК МЗТ Скопје Аеродром се засилува со нова поддршка пред новата сезона

КК МЗТ Скопје Аеродром добива нова поддршка во пресрет на предизвиците на домашната, регионалната и …

error: Содржината е заштитена!