Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Ова се новите членови на жирито во новата сезона на ТЛЗП

Ова се новите членови на жирито во новата сезона на ТЛЗП

Следниве денови на Сител започнува “All star” сезоната на популарното шоу “Твоето лице звучи познато” во која ќе учествуваат познати натпреварувачи што ги одбележаа претходните четири сезони.

Нивните настапи и во музичка и во сценска смисла како и секоја година ќе ги коментира и оценува постојано тричлено жири и во секоја епизода ќе им се придружи и гостувачки член. Во жирито годинава ќе биде српската актерка Дубравка Мијатовиќ која е задолжена за оценување на имитицијата, вокалните способности ќе ги оценува Душан Алагиќ, а мултимидијалниот уметник Урош Ѓуриќ секој настап ќе го коментира од различни аспекти.

Годинава наградата е 25.000 евра, а натпреварувачот со најмногу бодови ќе ја врачи на лице или институција на која парите и се најпотребни. Водителка на овој спектакл е шармантната Марија Килибарда која одамна е заштитно лице на ова шоу.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина ѝ даде 12 поени на Тијана – ова се финалистите на ТЛЗП

  Со имитација на Пинк, нашата Тијана се пласираше во финале   Енергичната Тијана Дапчевиќ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!