Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

 

Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП

 

Вечерва во 21 часот на Сител ТВ е финалето од забавното шоу со хуманитарен карактер – “Твоето лице звучи познато” Два ипол месеци уживавме со четвртата сезона на имитации, гласање и многу смеење.

 

 

За титулата победник на четвртата сезона и парична награда од 25.000 евра во финалето ќе се борат пет ѕвезди и тоа Едита, Стеван, Леон, Гага и нашата Тијана. Само еден од нив петорица може да биде победник, а кој ќе биде тоа, зависи исклучиво од вас, односно од телевоутингот.

После 11 емисии, добро ги запознавме во различни улоги и во различни музички жанрови. Пееја рок, поп, фолк, домашна и странска музика. Се испробаа во кожата на многу домашни и странски музички ѕвезди, покажаа храброст на сцена, неверојатни играчки и глумачки способност, а својот талент го докажаа во буквално секој ритам.

 

 

За потсетување, Тијана ја однесе победата во емисијата кога ја имитираше Лејди Гага, Едита победи како Тијана Дапчевиќ, Гага два пати победи, како Луис и Пинк, Леон ги освои гласовите со имитацијата на сараевскиот пејач Лака, а Стеван за трансформацијата во Оливер Драгојевиќ.

 Ексклузивно откриваме кој што ќе имитира вечерва, во големото финале на шоуто :

1. Едита ќе биде Бијонсе

2. Тијана ќе биде Фреди Меркјури

3. Гага ќе биде Џенифер Лопез

4. Стеван ќе биде Елвис Присли, и

5. Леон ќе биде Синан Сакиќ.

 

 

Александра Радовиќ, Андријана и Ѓуро и вечерва во големото финале ќе ги гледаме во улогите на жири комисијата, а специјален член на жирито ќе биде Тончи Хулиќ. Неколку изненадувања се подготвуваат за вечерва на големата сцена на Емоушн продукција, а меѓу нив е и настапот на Елена Ристеска кој се очекува да биде спектакуларен.

 

 

Затоа, почитувани читатели, вечерва во 21 часот гледаме финале на ТЛЗП. Нѐ очекува многу забава и уживање со последните настапи на финалистите на шоуто.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина ѝ даде 12 поени на Тијана – ова се финалистите на ТЛЗП

  Со имитација на Пинк, нашата Тијана се пласираше во финале   Енергичната Тијана Дапчевиќ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!