Почетна / Сапуници / Медиумски експерт за серијата на Телма: Доаѓа хит од светските топ листи!

Медиумски експерт за серијата на Телма: Доаѓа хит од светските топ листи!

Ова лето во вечерниот термин од 20.30 часот на телевизија Телма ќе ја гледате колумбиската верзија на култниот хит “Кафе со мирис на жена”.

Во главната улога ќе го следиме популарниот латино актер Вилијам Леви, кој ни носи неверојатна драма со многу заплети, интриги и музика за вистинско летно уживање.

Оваа сезона серијата се емитуваше и во соседна Србија, каде медиумите наголемо ја промовираа со податоци за нејзината успешност и експертска анализа од познати медиумски аналитичари.

Една од таквите анализи ни ја носи младиот Стефан Михајловски, кој за “Кафе со мирис на жена”, ќе каже:

– “Ова е стара добро испробана приказнна. Тоа е тоа што ќе запали кај публиката. Како и сценаристите, така и глумците знаат и те како што прават. Продукцијата е фантастична, навистина сјајна. Се работи за серија во топ 10 по рејтинзи во многу земји каде се прикажуваше и еден од најгледаните Нетфликс наслови кој не е од англиско говорно подрачје.”

Што навистина ќе гледаме во овој глобален хит, останува да видиме на Телма ова лето во 20.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо нова програма, Алфа со репризи на турски серии

Телевизија Алфа за наредниот период најавува реприза на веќе прикажана турска серија (Öyle bir geçer …

error: Содржината е заштитена!