Почетна / Сапуници / Нова драма за верните гледачи – „Лузни“, серија за љубов и болка

Нова драма за верните гледачи – „Лузни“, серија за љубов и болка

Кога борбата за спас на еден живот ќе ги избрише границите меѓу доброто и злото, а љубовта ќе биде ставена на најтешкиот испит, ќе се отворат старите рани и ќе се создадат нови лузни што засекогаш ќе останат врежани во душата, претворајќи ја довербата во сомнеж, а љубовта во омраза.

Алаџа е млада и невина девојка која живее скромен живот со своето семејство. Нејзината најголема среќа е љубовта кон докторот Кенан и сонот за заедничка иднина. Но, кога тајните од минатото ќе испливаат на површина, Алаџа ќе се соочи со вистина што ќе ѝ го промени животот.

Родена од тајна врска помеѓу нејзината мајка Емел и моќниот богаташ Баки, Алаџа станува единствената надеж за спас на болната и законска ќерка на господинот Баки, која се бори за живот. За да ја спаси својата ќерка, Баки наредува Алаџа да биде киднапирана и насилно да ѝ биде одземен бубрег. Со тоа, органот ќе биде пресаден во телото на неговата законска ќерка и таа ќе биде спасена.

За Алаџа ќе остане само болната лузна што ѝ го промени секојдневието и потрагата по одговори и вистини. Предавството е уште поболно кога девојката открива дека и Кенан, љубовта на нејзиниот живот, бил дел од трагичните настани и самото киднапирање.

Траумата што ја доживува остава длабоки лузни не само на нејзиното тело, туку и во нејзината душа. А токму тие лузни ќе ја раскажат приказната за болката, предавството и силата да се продолжи понатаму.

Од понеделник до петок навечер во 19.45 часот, веднаш по централниот Дневник. Приказната за Алаџа, девојката со лузни – ова лето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кој пат Прва Скопска ТВ ќе ја репризира руската серија „Јаничар“?

Премиерно започна со емитување на 14 декември 2020 година на МТМ (Прва Скопска ТВ), по …

error: Содржината е заштитена!