Почетна / МК Сцена / Нов музички проект кој ги чува корените – „Аменет“ со Дамјан Стојаноски

Нов музички проект кој ги чува корените – „Аменет“ со Дамјан Стојаноски

Во изминатиов период се снимаше новиот музички серијал наречен „АМАНЕТ“ со Дамјан Стојаноски. Ова претставува едно вистинско освежување на македонската фолк сцена.

Многу убави македонски песни ќе бидат спасени од заборав, а и оние кои им се веќе познати на слушателите, вака „спакувани“ во нов аранжман со изворни македонски инструменти, отсвирени и испеани во живо, ќе добијат една поинаква тежина.

Во овие шест епизоди кои се снимени досега ќе слушнете преку 30 песни. Дамјан е во улога на домаќин, а во секоја од епизодите има по еден гостин.Гостите се негови блиски луѓе од музичкиот свет и од професорската фела, кои го носат и го чувствуваат истиот „аманет“ како и самиот тој. Покрај разговорите и песните, во секоја епизода ќе има и посебен дел (рубрика) посветен на великанот Војо Стојаноски.

„АМАНЕТ не е само музика и не се само песни. Ова е мојот начин да му се оддолжам на минатото и да оставам трага за генерациите што доаѓаат после нас“, вели Дамјан.

Зад целиот овој обемен и професионален проект стои докажана екипа. Во секоја епизода музичката придружба е во изведба на ВИС „Аманет“ под водство на Андреј Трајковски, аудиото е снимено, миксано и мастеризирано од Кристијан Јаневски, додека за врвната видеопродукција се погрижи „АРТ Студио“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Со тебе засекогаш“, најнова балада на Легато Бенд од Струмица

Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во новата песна „Со тебе …

error: Содржината е заштитена!