Почетна / Сапуници / Фото | Бремената Бергузар Корел со семејството ужива во Чешме

Фото | Бремената Бергузар Корел со семејството ужива во Чешме

Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, оваа година летото го минуваат во најзападниот приморски град во Турција- Чешме. Парот, кој го очекува своето трето дете, беше забележан како се забавува на плажа во Чешме со своите деца Али и Хан.

Корел постојано беше заедно со Хан, кој е роден минатата година. Тие им пркосеа на брановите кои надоаѓаа кон брегот, додека постариот син, 12-годишниот Али, поголемиот де од времето го поминуваше пливајќи со својот татко.

Само пред неколку недели Корел и Ергенч гордо изјавија дека очекуваат девојче кому ќе му го дадат името Лејла. „По тешкиот период кој го имавме изминатата година, на оваа бременост гледаме како на голем благослов.“, вели Корел, која често споделува фотографии на кои се гледа дека ужива во бременоста.

На прашањето за тоа како ја поминува бременоста Корел изјави: “Претходните пати додека бев бремена со момчињата, 9-те месеци беа потешки и поболни. За сега бременоста ми е удобна и се надевам дека ќе продолжи вака.“

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

error: Содржината е заштитена!