Почетна / Серии / Игри на нерви во „Квантико“ – американска серија за ФБИ истраги

Игри на нерви во „Квантико“ – американска серија за ФБИ истраги

Група млади регрути на ФБИ поминуваат низ ригорозна обука во градот Квантико. Предводени од специјалниот агент Лијам, овие млади агенти ќе треба да го поминат тестот на издржливоста за да станат идните заштитници на американската држава.

Тешки задачи, напорни активности и психолошки предизвици ќе ги стават на искушение идните ФБИ агенти, а кој ќе ја помине обуката, ќе зависи од нивната спремност и храброст.

Младата Алекс е една од најистакнатите регрути која ја поминала академијата и која во текот на дејството, ќе биде обвинета за разорниот терористички напад од 11 септември. Најважната задача овој пат за неа е да го најде терористот кој се здобил со најдоверливите информации на ФБИ, а со тоа и да ја одбрани земјата од потенцијални напади.

Игри на нерви и пресврти во новата американска серија за бестрашните ФБИ истражители од понеделник до петок на полноќ на Сител, во добропознатиот термин за процедурали.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Психолошката мистерија „The Cry“ ја гледаме во јулските викенд ноќи

Серијата го прати патувањето на младите родители Џоана и Алистер од Шкотска во Австралија, кои …

error: Содржината е заштитена!